28 Април, 2024
0.0294

АМСМ Мобилна апликација и веб платформа „Мој Пат“

Пријавете недостатоци на патиштата и придонесете за подобра патна инфраструра

Објавено во: Мои пари 06 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Корисниците на мобилната апликација и на веб платформата ќе можат да го следат статусот на недостатоците на локалните, регионалните и магистралните патишта, од статус на пријавени недостатоци од страна на корисник, преку статус на пријавени недостатоци до надлежни институции до конечниот статус на отстранет недостаток на пат.

На 06.09.2017 година во хотелот „Александар Палас“ беше одржана прес-конференција за промоција на веб платформата и мобилната апликација „Мој Пат“, наменети за пријавување на недостатоци на локални, магистрални и регионални патишта од страна на сите учесници во сообраќајот. На прес-конференцијата присуствуваа министерот за транспорт и врски на Р.М, г-дин Горан Сугарески, државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија, г-ѓа Магдалена Несторовска, како и Генералниот Секретар на АМСМ, г-дин Димитар Миновски, а истата беше проследена од голем број на медиуми.

Проектот „Мој Пат“, кој вклучува бесплатна мобилна апликација и веб платформа,има цел на сите групи учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти, возачи и мотоциклисти) да им овозможи од своја перспектива да ги идентификуваат и да ги пријават недостатоците на патиштата, притоа обезбедувајќи систематски, методолошки и трошковно ефикасен начин на собирање на податоци за недостатоците на локалните, магистралните и регионалните патишта во државата.

Сите пријавени недостатоци на патиштата, АМСМ со цел на зголемување на безбедноста во сообраќајот, во форма на периодичен извештај, ќе ги доставува до надлежните институции за нивно отстранување. Корисниците на мобилната апликација и на веб платформата ќе можат да го следат статусот на недостатоците на локалните, регионалните и магистралните патишта, од статус на пријавени недостатоци од страна на корисник, преку статус на пријавени недостатоци до надлежни институции до конечниот статус на отстранет недостаток на пат.

Во оваа насока министерот за транспорт и врски изјави „Уште при презентирање на проектот од страна на претставниците на АМСМ, веднаш знаев дека ова е проект кој треба активно да се поддржи, затоа што една од функциите на Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта е да обезбедат подобра патна инфраструктура која ќе води до поголема безбедност во сообраќајот.“

Во насока на поддршка на проектот државниот секретар во Министерството за внатрешни работи  изјави „Се надевам дека во иднина овој проект ќе се надоградува и проширува, во насока на поактивно вклучување на Министерството за внатрешни работи на Р.М“.

Покрај наведените институции, проектот „Мој Пат“е активно поддржан и од ЗЕЛС и Градот Скопје.

Проектот „Мој Пат“ е реализиран во соработка со ФИА и е ко-финансиран од ФИА грант програмата за поголема безбедност на патиштата, до која АМСМ има пристап како единствена членка на ФИА (Меѓународната автомобилистичка федерација) од Р.Македонија. Како резултат на ова, а во конкуренција на проекти од повеќе авто-мото клубови,  проектот на АМСМ  „Мој Пат: мобилна апликација и веб платформа за мапирање на недостатоци на магистрални, регионални и локални патишта“ беше еден од избраните средни проекти за ко-финансирање.

Mобилната апликација MojPat за Android можете да ја симнете уште веднаш, а онаа наменета за iOS базирани мобилни телефони е во процес на одобрување и штом биде достапна, веднаш ќе ве информираме. Доколку немате паметен телефон, а сакате да пријавите недостаток на патишта, тоа можете да го направите преку www.mojpat.mk.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг