11 Мај, 2024
0.0334

Пријавувањето на Виз Ер Скопски маратон се затвора на 22 април

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во сабота, 4. мај 2019, ќе се одржи Виз Ер Скопскиот маратон, темелот на спортувањето и здравиот живот, кој го прославува својот 15. јубилеј. За самата трка пријавувањето се затвора на 22 април 2019 година, освен предвремено доколку се исполни предвидената квота на настанот.

Секој, од организаторите до учесниците, со нетрпение го очекуваат спектаклот на Виз Ер Скопскиот маратон. Тие ги повикуваат сите кои нема да трчаат да застанат долж стазата и да навиваат. Според нив, што повеќе луѓе ги бодрат учесниците со толку повеќе позитивна енергија се исполнува Скопје. Затоа и оваа година на различни локации ќе бидат поставени неколку музички точки на кои можат да се придружи публиката. На сите тркачи, од дома и од странство, да им се покаже гостопримливоста која постои во градот.

Организаторите ги повикуваат сите да побрзаат и да се пријават пред затворањето на рокот на 22. април 2019 на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/.

Тимот на Виз Ер Скопски маратон порачува дека столбот на самата организација и манифестација се волонтерите и ги повикува сите заинтересирани да се пријават. Рокот за  аплицирање на волонтери е 25 април 2019 година, или до пополнување на бројот потребен за волонтери. Тоа може да се направи на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk/volonteri. Волонтерите добиваат маица, вода, храна, и сертификат за волонтирање и апликантите треба да бидат постари од 16 години и да исполнат одредени услови.

Виз Ер Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.


Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните