Приведени Евреи во Белград, две фракции се борат кој да ја превземе верската заедница
Објавено во: Балкан 28 Октомври, 2019
Полицијата во Белград уапси неколку лица, приврзаници на Данило Медиќ, кој е еден од фракционерите кој зака да ја поврати власта во Еврејската верска заедница во Србија. Инцидентите започнале откако групата се обидела да ги исече ланците на синагогата во центарот на српската престолнина и да ги превземе канцелариите.
За време на протестот медиумите известуваат дека полицијата бранејќи го верскиот објект физички оттурнала неколку жени, додека толпата извикувала „нацисти“. Во моментов, Медиќ и неговите приврзаници се обидуваат насилно да ја искршат портата, околу која е завиткан ланецот.
Тензиите во еврејската заедница не запираат. По окупацијата на просториите на Еврејската општина во Белград од февруари со месеци има протести, откако администрацијата предводена од Александар Јинкер ги окупира просториите на белградската синагога. Фракцијата на Медиќ вели дека самопрогласената администрација насилно го завземала тој религиозен објект.