03 Мај, 2024
0.0250

ПРОЧИТАЛА НАД 40.000 CV: Oва се најчестите грешки

Објавено во: Стил 24 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Тина Николаи откако почнала да работи на селекција на кадри, забележала дека многу луѓе носат погрешна биографија. 

Таа наведува дека луѓето не знаат „да се продадат“ и на пазарот да ги престават своите достигнувања. 

Токму од таа причина во 2010 година основала фирма која се вика Résumé Writers’ Ink. 

Николаи прочитала над 40.000 биографии и ги издвоила најчестите грешки. 

Вели дека многу луѓе се невнимателни и не обрнуваат внимание на детали. 

Ако биографијата е многу долга, тогаш е здодевна за читање. 

Се користат многу звучни зборови како тимски играч, комуникативен и слично. 

Има и биографии кои се многу формални, што не може луѓето да ги одвои од другите.