28 Април, 2024
0.0314

Продолжува проектот на ЕВН Македонија за дуално образование „20-20-20“

Објавено во: Мои пари 03 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Почна учебната година за втората генерација ученици во специјализираната ЕВН паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје. Над 20 ученици официјално седнаа на клупите во специјалниот кабинет, оформен за потребите на проектот „20-20-20“.

По повод првиот училишен ден на сите ученици од средното електротехничко училиште, им се обрати претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија г-дин Штефан Петер. Тој им порача дека направиле добар избор за училиште каде што ќе го стекнат своето образование и им посака успех во учењето.

„Овие ученици денеска инвестираат во нивната иднина. Тие одлучија да научат да работат, а да  научиш како се работи денес, значи подобра иднина утре. За три години ќе ги вработуваме како електромонтери, но ова не значи дека ќе останат на таа позиција цел живот. Тие може да напредуваат во кариерата и да продолжат како специјалисти и проект инженери или пак еден ден да станат и технички директор на ЕВН. Се е возможно.“ порача Претседателот на Управниот одбор, г-дин Петер.

Благодарност до ЕВН за поддршката што ја дава на училиштето и проектите кои се реализираат заеднички, изрази директорот на СЕТУ „Михајло Пупин“ Димитар Ѓорѓиев.

Инаку првата генерација ученици од проектот „20-20-20“  успешно ја заврши годината. Тие ќе продолжат да се образуваат и да ја следат наставата во училиштето и да посетуваат практикантска работа во ЕВН Македонија.

Со проектот е планирано дваесетина средношколци од секоја генерација кои ќе покажат најдобар успех и ќе стекнат најмногу знаење, ќе добијат можност за вработување и загарантирана нето месечна плата од 20.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг