28 Април, 2024
0.0252

Продолжуваат работите околу ревитализацијата на дистрибутивната мрежа на топлинска енергија

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Продолжува ревитализацијата на главниот топловод на потегот позади Народната банка наРепублика Македонија до трговскиот центар Веро – Џамбо во општината Центар.

Согласно оперативниот план за реализација на оваа инвестиција, почнувајќи од утре (петок, 26.05.2017) попладне ќе започнат градежни активности преку булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, заради што сообраќајот на оваа собраќајница ќе биде под изменет режим. Секторот за сообраќај на Град Скопје има издадено соодветна дозвола за овој зафат, којшто ќе заврши во најкраток можен рок.

Работите на овој дел од топловодот беа одложени во период од седум дена заради потребата да се извршат дополнителни подготвителни работи на теренот, предизвикани од околоности кои не можеле да се предвидат.

Реализацијата на оваа инвестиција е од огромно значање за потрошувачите на општините Центар и Карпош, особено корисниците од населбите: Центар, Капиштец, Козле, Водно и Карпош, бидејќи со модернизација на мрежата ќе добијат уште посигурна и навремена испорака на топлинска енергија. Таа е дел одинвестициската програма наДистрибуција на топлина Балкан Енерџи за 2017 во чии рамки се предвидени низа активности за модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје.Истовремено преку овие инвестиции се зголемува енергетската ефикасност на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, што е значајно и за подобрување на квалитетот на животната средина во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг