02 Мај, 2024
0.0257

ПРОФИТ ОД ГРЧКАТА КРИЗА: 1.34 милијарди евра заработила Германија од кризата во Грција

Објавено во: Балкан 13 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Германија има заработено 1.34 милијарди евра од кризата во Грција. Приходите дојдени од акумулирани камати по доделени кредити на владата во Атина и од купувањето на грчки должнички инструменти. 

Во државната каса на Германија влегле 393 милиони евра како камата само од еден заем распределен на Грција од германската државна банка KfW во 2010 година. Добивката акумулирана од Берлин од 2015 година во рамките на програмата на Европската централна банка за купување на грчки обврзници, изнесува вкупно 952 милиони евра, пишува германскиот весник Süddeutsche Zeitung, цитирајќи одговор на Министерството за финансии на прашање поставено од пратеничката група на Зелените во земјата.

Земјите од Eврозоната одлучија во 2012 година да и ги исплаат на Грција приходите што ги добиваат од откупените должнички инструменти. Откако истече вториот финансиски спасувачки пакет распределен на земјата во 2015 година, приходите од 2014 година беа блокирани и ставени во посебна банкарска сметка. Приходите од камати од 2015 година веќе не се пренесени во оваа сметка. Парламентарниот секретар на Министерството за финансии Јенс Шпан одговори во пленарната сала, дека германската влада нема намера да прави повеќе трансфери за оваа сметка.

Од Зелената партија сметаат дека не е нормално СРГ да профитира од грчката криза и ја повика владата во Берлин да и ги отплати на Атина парите кои и се вложуваат. 

„Тоа што Германија профитира од кризата во Грција, не е нелегално, но е неприфатливо од морална гледна точка“, изјави експертот за буџетските прашања на Зелените Свен Кристијан Киндлер.

Во мај Грција го постигна следниот договор со меѓународните кредитори во лицето на ММФ и ЕУ за дополнително спасително финансирање. Во замена Атина протурка во парламентот намалување на пензиите и помалку олеснувања за даночните обврзници, за да го исплати долгот во износ од 7,5 милијарди евра во јули. Во исто време беше соопштено дека грчката економија порасна за 0,4% во првиот квартал на годинава, покажува официјалната статистика на Атина за 2017 година .

Со тоа се менува претходната информацја за стегање со 0,1%, која беше презентирана во мај.

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф