02 Мај, 2024
0.0298

Проф.Силјановска: Македонија да понуди можни прифатливи имиња, наместо да се однесува како дете чекајќи „кумот“ Нимиц да не крсти

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Парламент без опозиција не е Парламент. Таков еден Парламент имавме од 1994-1998 година и се случија лоши работи. Парламент во кој се изгласува со мнозинство од сите присутни и тоа се истакнува како позитивно исто така има сериозен проблем затоа што тогаш заклучокот е дека партиите се тие чии ставови ги промовираат и ги гласаат пратениците, а не оние на граѓаните. Ние ги знаеме партиските програми.  Во некои програми ги немаше некои од овие прашања , а нивните лдиери тврдеа дека тоа не е така“, вели проф.Гордана Силјановска . 

ХРОНИЧЕН ПРОБЛЕМ Е НЕДОСТИГОТ НА НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС ЗА ИМЕТО  

Според професорката по уставно право на македонска политичка сцена голем проблем е отсуството на национален консензус во поглед на спорот кој Грција го има  со уставното име на Македонија .

„Сите мои колеги во Грција ми кажуваат дека кај нив постои не само политички консеунзус околу името и нивните црвени линии туку дека во тоа е вклучена и црквата, научни, стартешки институции, а да не говориме за  партиите кои по ова прашање имаат идентичен став. Речиси 28 години од независноста во Македонија ретко кога сме виделе освен пред Букурешт да седнат партиите да разговараат и да зборуваат во еден глас. Дури и кога немало потреба од кохабитација зашто и претседателот и мнозинството биле од иста партија ние сме гледале  во различни настапи на Премиерот, Претседателот  во однос на прашања од надворешната политика . Тоа сега ни недостасува“ оцени  проф Силјановска во интервју за емисијата на Фактор магазин на ТВ24.

 Според универзитетскиот професор на Правниот факултет во Скопје, пред средбата на медијаторот Метју Нимиц со преговарчите Наумовски и Василакис  морало да има разговори меѓу Владата, Претседателот  и Опозицијата. 

„Многу е чудно кога како тукушто родени деца очекуваме кумот,  а тоа е медијаторот Нимиц да избере едно од имињата што тој ги смислил. И ние треба да имаме варијатни на можни имиња, стартегија  како што тоа го имаат Грците.  Во изјавата на Нимиц се забележува дека тоа што ќе биде присутна именката Македонија е многу важно. Посредникот Нимиц во 90тите години многупати  велеше дека правото на името не е ексклузивно право и дека никој не може да преговара за идентитет, а сега и тоа го слушнавме во неговата листа на прашања  во преговорите. Политичарите во ниту еден момент да не заборават дека не е доволна политичка храброст за да го сменат името на државта, а да не говорам за идентитет. Тогаш тоа би било мазохизам“ оцени во интревју за Фактор магазин проф.Силјановска  која говореше и за усвоениот Закон за употреба на јазиците кој според неа е противуставен.   

Погледнете ја целата емисија во видеото:


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање