28 Април, 2024
0.0256

Прошетка од 25 минути дневно го продолжува животот за 7 години

Објавено во: Стил 01 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Дневна прошетка од околу 25 минути е во состојба да го продолжи животот на практикантите до 7 години, тврдат научниците.

Според студија редовните прошетки го намалуваат на половина ризикот од смрт од инфаркт.

„Вежбите ви даваат меѓу 3 и 7 дополнителни години живот. Станува збор за вистински антидепресив кој ја зголемува когнитивната функција и сега има докази дека може да биде одложена појава на деменција“, тврди Санџај Шарма, кој работи како кардиолог во Лондон, цитиран од весникот „Daily Mail“.

Истражувањето за користа од секојдневната прошетка беше направено од страна на тим на универзитет во Германија. Во програмата беа вклучени луѓе кои не правеле вежби, но се наоѓале во добра здравствена состојба.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти