Протерувањето продолжува, АМЕРИКАНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ЈА НАПУШТИЈА АМБАСАДАТА ВО МОСКВА
Објавено во: Свет 05 Април, 2018
Три автобуси со американски дипломати кои се протерани од Русија вчера ја напуштија Амбасадата на САД во Москва, соопштија локалните медиуми.
Русија претходно соопшти дека ќе протера пропорционален број дипломати од сите држави кои применија таква мерка кон руски дипломатски персонал поради случајот со труењето на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија.
Москва соопшти дека протерува 60 американски дипломати и затворање на Конзулатот во Санкт Петербург како реципрочен одговор на слична мерка на САД.