01 Мај, 2024
0.2122

Протест на специјализантите против склучен договор што е во нивна полза

Објавено во: Мои пари 30 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство, покажа дека има слух за подобрување на состојбата и условите за работа на медицинскиот кадар во Република Северна Македонија. Континуирано вложува во човечкиот капитал а последен пример за тоа е случајот со приватните специјализанти.

Во 2018 година за првпат ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Дотогаш, тие воопшто не беа платени.

Оттогаш Министерството за здравство продолжи со редовно инвестирање во приватните специјализанти, со цел тие да бидат мотивирани и задоволни во својата работа. Во последнава година Министерството најмногу досега излегуваше пресрет и ги исполнуваше барањата на приватните специјализанти. Нивните барања беа големи со оглед на тоа што претходно никогаш и ништо не било направено за подобрување на нивниот статус.

По средбата реализирана меѓу Министерството и претставници на приватните специјализанти - доктори на медицина од конкурсот 2019 е договорено и донесена е одлука, тие да бидат платени за својата работа од февруари 2020 година.

Се што е ветено е исполнето и уште ќе биде исполнувано. А на ова официјално и јавно дадено ветување од страна на министер, приватните специјализанти бараат уште. Крајно зачудувачки доаѓа тоа што покрај јавно дадената изјава од министерот тие бараат уште и писмен договор дека планирани се средства за целата година.

Постигнат е договор што е одговор на нивните барања и е во нивна полза, а нивниот одговор на тоа е протест.Се поставува прашањето зошто е инициран протестот и кој стои зад него со оглед на тоа што е решено се според нивните барања.

Исто така, постигнат е договор и со кофинансираните специјализанти, со што ќе има измена на Законот за здравствена заштита, согласно нивните барања. Приватните специјализанти стануваат суштински елемент во создавањето на функционален и одржлив здравствен систем, а тоа се гледа од и овој пат дадената поддршка.

Започна во 2018 а во 2019 година направено е најголемо, како никогаш досега вложување во вработувања на млади лекари, зголемувања на плати и подобрување на условите за работа. Министерството вели дека со истото темпо на вложување во човечкиот капитал во здравствениот сектор ќе продолжи и во 2020 година.


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор