02 Мај, 2024
0.0294

Протести пред Владата - се бара гаранција дека рудникот Иловица нема да се гради

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Со транспаренти на кои пишуваше „Веднаш“, околу стотина граѓани од струмичкиот крај и други еко активисти дојдоа на протест пред Владата, со намера да извршат притисок врз владините функционери конечно да ја донесат одлуката за раскинување на договорот со канадската компанија Еуромакс рисорсис, што би значело дека рудникот во Иловица-Штука дефинитивно нема да се гради.

Според нив, иако и е одземена концесијата на Еуромакс рисорсис, таа сега се жали, односно поднесена е тужба и предметот сега е пред Управниот суд.

„Нашите барања се таа конечна одлука да се донесе веќе на наредната владина седница. Да не се чека повеќе, бидејќи тоа нема да може да се направи кога ќе се формира техничката Влда. Ако таа одлука не се донесе до техничката Влада, и ако потоа настане непријатност за граѓаните од рудникот, чија ќе биде одговорноста“, изјавија протестирачите.

А Канаѓаните неодамна поднесоа тужба до Управниот суд на земјава против решението со кое второстепената државна комисија всушност пресече дека тие немаат право да вадат руда на местото каде што се планираше да никне рудникот во Иловица. 

„Ние сме уверени во правната позиција на Еуромакс Рисорсис, и остануваме целосно посветени на развојот на Проектот. Се надеваме дека Управниот суд при разгледувањето на поднесената тужба ќе го поддржи владеењето на правото. Развојот на Проектот Иловица-Штука ќе овозможи значајна корист за локалната заедница, како и за економијата на целата државата. Веруваме дека постои начин да се поддржи развојот на Проектот, со што би и се овозможило на Компанијата да управува со безбеден рудник согласно најдобрите светски практики. При тоа, развојот на Проектот ќе отвори многу работни места за локалната заедница и ќе донесе бројни локални инвестиции“, изјави тогаш Варшан Гокул, Претседател и Извршен директор на Еуромакс Рисорсис. 

Од компанијата, во своето писмено соопштение до јавноста потенцираа и дека досега Еуромакс има инвестирано над 50 милиони евра во истражувањето и дефинирањето на Проектот Иловица-Штука. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?