02 Мај, 2024
0.0340

Протоколот за прием на Македонија во НАТО од Брисел се пресели во Атина

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Предлог-законот на грчкото министерство за надворешни работи за Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО синоќа беше поднесен во грчкиот парламент по неговото потпишување претходното истиот ден во седиштето на Алијансата во Брисел, отворајќи го патот за неговото ратификување од страна на законодавниот дом во Атина.

Неговата ратификација е прашање на време од околу 48 часа, бидејќи денеска попладне ќе биде обработен од надлежниот Комитет за надворешни работи и одбрана, а следниот ден, односно утре наутро ќе биде поднесен на дебата и гласање на пленарна седница. 

Во петок се очекува втор фронтален конфликт на политичките лидери по гласањето за ратификација на Преспанскиот договор пред се помеѓу премиерот Алексис Ципрас и лидерот на опозициската Нова Демократија, Киријакос Мицотакис.

Со ратификацијата на Протокоот во грчкиот парламент седува истото и кај останатите 28 земји-членки на НАТО, со што Македонија, со новото уставно име, на крајот станува полноправна членка на НАТО, со право на глас за сите одлуки што ги носи Алијансата.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање