29 Април, 2024
0.0268

Прва меѓународна конференција „Жени во енергетиката“

Поголем број на жени во енергетиката за поголем развој и иновации

Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Поголем број жени во енегетиката и на водечки позиции во енергетските компании и институции каде што се креираат енергетските политики е главниот фокус на првата меѓународна конференција „Жени во енергетиката“. Цел на конференцијата е да се подигне свесноста за важноста на рамноправната застапеност на жените во енергетскиот сектор и да се идентификуваат стратегии и програми кои ќе придонесат кон родов баланс.  Истовремено, конференцијата треба да послужи како платформа за размена на знаења и искуства меѓу лидерите и професионалците од енергетиката, образованието и државните институции.

Поддршка за поголемо вклучување на жените во енергетските дејности даде и претседателот на владата на Република Македонија, г.  Зоран Заев. На отворањето на конфернцијата тој истакна дека новата реформска влада ќе им даде вистинска шанса на жените енергетичари, за да се остварат зацртаните цели во енергетскиот сектор. „За исполнување на целите потребен е ангажман од сите, а вашите искуства се драгоцени за развојот на енергетиката во Македонија. Следејќи ги европските вредности и уставните начела за рамноправност на жените во општеството, владата ќе стреми кон поголема застапеност на жените на водечките позиции во енергетиката“, рече Заев.

Конференцијата е во организација на Инженерската институција на Македонија и ЕВН Македонија, која е патрон на настанот. Таа е плод на соработката помеѓу овие два субјекта и е резултат на напорите и активностите кои ЕВН Македонија ги прави во изминативе години за зголемување на процентот на жени во своите редови, особено на жени-инженери и жени на менаџерски позиции. 

„Еднаквиот третман на мажите и жените не е работа на избор во денешното општество. Напротив, тоа е задолжителен пристап кој ние го применуваме во ЕВН Македонија и правиме напори овој третман да го подигнеме на повисоко ниво. За нас најважно е да создадеме услови во кои секоја единка ќе го даде најдоброто од себе, без разлика на полот“, истакна Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Заменик амбасадорот на САД во Р. Македонија г –а Микаела Швајцер Блухм, истакна дека ЕВН Македонија е вистински партнер на УСАИД за подобро разбирање на предизвиците што ги спречуваат жените да ја продолжат кариерата во енергетскиот сектор. Таа посочи дека владата на САД, преку УСАИД, одлучи да инвестира во напорот на диверзификација на лидершипот во областа на енергетиката. Со ова  ќе се подобри  родовата еднаквост во енергетиката, преку зголемување на бројот на жени вработени во техничките струки и на раководни позиции.

Преку излагањата и панел дискусиите на 14 реномирани експерти и професионалци од земјава и од странство беа споделени искуствата, а се подготвија препораки за унапредување на можностите на жените. Исто така, преку успешни приказни на жени-инжинери, младите студентки и вработени на почетокот на кариерата се охрабрија да продолжат да го следат својот сон за успех и напредок во кариерата.  

За Проф. Христина Спасевска, професор при ФЕИТ и претседател на Инженерската институција на Македонија, оваа конференција претставува иницијатива, на едно место да се соберат сите релевантни институции и личности, преку отворањето на многу прашања, да се постават темели за глобалните политики, што ќе овозможат поголемо учество на жените како решавачки фактор во енергетскиот сектор.

Конференцијата е поддржана и од Централно европската иницијатива, чиј претставник д-р Петер Канчани беше еден од учесниците. Покрај тоа, конференцијата ја поддржаа и поголем број енергетски федерации, асоцијации, здруженија, компании и институции од земјава и надвор од неа. 

Можеби ќе ве интересира

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид