11 Мај, 2024
0.0274

Првата делница од експресниот пат Штип - Радовиш ќе биде пуштена напролет

Објавено во: Економија 06 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски направи увид во работата на градежните активности на експресниот пат Штип - Радовиш, кои се одвиваат со брза динамика и се очекува финализирање и пред истекот на крајниот рок предвиден со проектот.

Изградбата на експресниот пат Штип - Радовиш со должина од 40,41 километар и вредност од преку 42 милиони евра се реализира во две фази.



Изградбата на првата делница, од Штип до Бучим е во завршна фаза, поголемиот дел е веќе асфалтиран, осветлувањето е поставено и во моментов се монтираат еластичните огради. На втората делница, од Три Чешми до Радовиш, во тек се подготовки за поставување на коловозната конструкција. Се очекува првата делница од експресниот пат за три - четири месеци да биде пуштена во употреба“, истакна премиерот Заев и додаде дека оваа патна мрежа се надоврзува на автопатот Миладиновци – Штип и граѓаните на југоисточниот дел на земјата за многу пократко време ќе патуваат и пристигнуваат до Скопје, информираат од владината прес служба.



Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека експресниот пат Штип - Радовиш е од огромно значење и за економскиот развој на регионот каде работат околу 12 илјади мали и средни компании, но и пример за посветено работење на развој на инфраструктурата во државата.

„Изградбата на експресниот пат Штип -Радовиш е еден од најкрупните капитални проекти во овој регион. Велам дека е еден од многуте проекти, бидејќи оваа Влада само во овој регион инвестираше околу 265 милиони евра за изградба и рехабилитација на патната мрежа“, рече министерот Бочварски и констатираше дека во градежниот сектор нема отпуштање на работници за што најголемо влијание за тоа имаат токму капиталните проекти во изградба на инфраструктурата.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили