06 Март, 2025
0.0302

Првата VUSE вејпинг зона се отвора во Скопје

Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Број 1 глобалниот вејпинг бренд[1] VUSE ја отвори првата вејпинг зона во East Gate Mall во Скопје. Со оваа зона, VUSE го засилува своето присуство во Скопје, како и во целата земја, ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со сите карактеристики, како и ги да купат сите достапни верзии на VUSE уредите. Сите посетители ќе имаат можност да видат како напреднатата технологија и иновативниот дизајн се спојуваат за да создадат нешто уникатно и извонредно, обезбедувајќи помалку штетна алтернатива од пушењето. Vuse е број 1 глобален вејпинг бренд, според уделот на пазарот и првиот глобален вејпинг бренд со јаглеродна неутралност[2]. Производите на Vuse се достапни на 33 пазари, со повеќе од 10 милиони потрошувачи ширум светот.

Овој производ е водечки вејпинг производ на БAT (Britsh American Tobacco) и истиот е резултат на години истражување, со научни студии кои ги потврдуваат едни од најзначајните предности на VUSE производите. Неодамна објавената студија[3]покажа дека VUSE е значително помалку штетен во споредба со традиционалните цигари, има подобри резултати за биомаркерите кои се релевантни за болести поврзани со пушењето и испушта пониски нивоа на штетни материи кои се создаваат преку процесот на согорување на конвенционалните цигари.

„Со постојано унапредување на нашите производи, целиме да им обезбедиме на нашите потрошувачи различни алтернативни производи кои се докажано помалку штетни. Новите категории производи стануваат сè посериозни бидејќи возрасните пушачи се повеќе бараат алтернативни никотински производи со намален ризик. Оваа VUSE зона ќе им овозможи на возрасните пушачи кои бараат помалку штетна алтернатива да пробаат што е најдоброто за нив и дознаат повеќе за вејпинг производите“, изјави Саше Николовски, Директор на ТДР СКОПЈЕ ДООЕЛ.


[1] Врз основа на проценетото вредносно учество на Vuse во производи со намален ризик, во категоријата на е-цигари, измерено во малопродажба (т.е. вкупна вредност на категоријата на е-цигари во продажба на мало) во САД, Канада, Франција, Обединетото Кралство и Германија. Овие 5 пазари покриваат околу 70% од вкупниот NTO, од глобалниот пазар на е-цигари со затворен систем, пресметан во период Q4 2022 - Q1 2023.

[2] Врз основа на интерни предвидувања за продажба на Vuse Go, Vuse ePod, ePen, eTank mini и+ Alto уреди (пресметани во март 2022 година), за период од 12 месеци, почнувајќи од април 2022 година. Vuse ќе ги намали своите емисии на јаглерод за околу 55% (почнувајќи март 2023 година) преку своите интерни иницијативи за одржливост, започнати во 2019 година, и сега ги компензира останатите 45%.

[3] British American Tobacco - New clinical data on Vuse illustrates beneficial public health impact of Tobacco Harm Reduction (bat.com)

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Проф. д-р Дарко Лазаров во „Бизнис-клуб“: „Само со поврзување на бизнисот и науката има можност за позитивна трансформација на македонската економија“

Проф. д-р Дарко Лазаров во „Бизнис-клуб“: „Само со поврзување на бизнисот и науката има можност за позитивна трансформација на македонската економија“

ПРЕД 50 ГОДИНИ ЗАПОЧНА СО РАБОТА КУЛТНИОТ КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР НА „АЛКАЛОИД“

ПРЕД 50 ГОДИНИ ЗАПОЧНА СО РАБОТА КУЛТНИОТ КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР НА „АЛКАЛОИД“

Иновативниот уред IQOS достапен и во Ледиком Чаир

Иновативниот уред IQOS достапен и во Ледиком Чаир

ФЕРОИНВЕСТ ќе ги воведе батериските системи на WEIHENG во Македонија

ФЕРОИНВЕСТ ќе ги воведе батериските системи на WEIHENG во Македонија

Македонските планини: Природно богатство што бара заштита и одржлив развој

Македонските планини: Природно богатство што бара заштита и одржлив развој

Нестабилноста на берзите продолжува

Нестабилноста на берзите продолжува

„Трајни културни вредности“ на Халкбанк прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024

„Трајни културни вредности“ на Халкбанк прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024

70 години Комерцијална банка – 70 години доверба, раст и заеднички успеси

70 години Комерцијална банка – 70 години доверба, раст и заеднички успеси

Подравка лансира пилешка супа со тарана

Подравка лансира пилешка супа со тарана