03 Мај, 2024
0.0271

Првото оспорување на Законот за јазици тропна на врата на Уставен суд-иницијатор Кекеновски

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Првото оспорување на Законот за употреба на јазиците е испратено до Уставен суд.

Ова го направи професорот Јове Кекеновски кој со иницијатива до Уставен ја оспорува уставноста на носењето на Законот кој ја зовре јавноста.

Кекеновски ја оспорува содржината на Законот, но и постапката со која беше донесен а за него најспорен е начинот на кој што Законот беше изгласан.

„Претседателот на Собранието, како и останатите собраниски органи и служби морале да го имаат предвид фактот дека за да биде усвоен Законот потребно е двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има и мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија, а не да биде усвоен со 69, што значи дека треба со 80 пратеника“ - потенцира Кекеновски.

Според него прекршен е и ставот 2 на членот 173 од Деловникот за работа на Собранието .

Тоа професорот го поткрепува со тоа што вели дека од денот на усвојување на Законот значи од 11 јануари 2018 година и неговото трето читање и усвојување на 14 март 2018 година, поминати се повеќе од 60 дена, а  Деловникот налага да поминат 30 дена, што значи требало да има нова процедура и отпочнување на целата постапка од почеток.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник