ПСИХОЛОЗИТЕ ПОРАЧУВААТ: Еве што ви се случува ако работите и на одмор
Објавено во: Стил 27 Јули, 2017
Дури и ако малку работите на одмор, ќе ги измамите својот мозок и нема да го памети одморот.
Тешко е да одолеете на искушението додека сте на одмор да не проверите мејл или да видите до каде е процесот на работа.
Но, ако барем еден час дневно поминувате во работа, тогаш имате за 43% поголеми шанси одморот воопшто да не го паметите.
Арм Маркман, психолог вели дека ако работите во текот на одморот, тоа ќе биде како и секој друг ден и нема да личи на одмор.
Додава дека работата ја носиме секаде со себе, а сега со модерната технологија тоа е уште полесно.
„Ако не се дистанцирате од работа, го одржувате тој циклус на стрес“ - вели психологот.
Тој советува на одмор да се оди без лаптоп, а ако мора да се проверуваат мејлови тоа да се направи преку паметен телефон.