29 Април, 2024
0.0327

Расте интересот за Еразмус плус програмата – одобрени 86 проекти искористени 96% од средствата

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Презентација на програмата Еразмус плус централна тема на денешната Валоризациона конференција што се одржува во Скопје во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во рамките на конференцијата беа презентирани и досегашните успешно спроведени проекти.

На конференцијата присуствуваа директори, професори и наставници на основни и средни училишта, универзитетски професори, студенти, претставници на компании и невладини организации и претставници на Министерството за труд и социјална политика.

Пред присутните се обратија директорот на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристески.

„Република Македонија е полноправна членка во европската програма „Еразмус плус“, што беше направено со исклучително добрата соработка со Европската комисија, која на Националната агенција ѝ оддаде признание за успешноста во работата и затоа дозволи Република Македонија да стане полноправна членка. И буџетите од година во година постојано се зголемуваат што претставува уште еден показател дека Националната агенција за европски образовни програми и мобилност работи успешно и транспарентно. Овој месец имавме супервизорска посета од Европската комисија и бевме оценети исклучително позитивно за имплементацијата на проектите од 2013 до 2015 година, рече“, истакна Димитров.

Националната агенција за европско образование и мобилност годинава обезбеди 4,7 милиони евра за стипендии. Интересот кај сите категории опфатени со програмата Еразмус плус е голем, а од пристигнатите 316 апликации, досега одобрени се 86 проекти. Досега се искористени 4.2 милиони евра.

„За разлика од минатото кога постоеја извесни шпекулации, се зголеми целокупниот процес на транспарентност во начинот на распределба на овие средства. Нивното искористувањето од универзитетите, основните и средните училишта, а годинава првпат и од една градинка, за нив претставува директно поврзување со нивните колеги и размена на искуства и кадар. Преку корисниците на овие средства, Република Македонија станува целосен партнер, не само во програмата, туку партнер во системот на образование на европско ниво“, истакна Спиро Ристоски, заменик министер за образование и наука.

Програмата „Еразмус плус“на заинтересираните им нуди да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања, воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од 7 европски образовни програми, програми за обука и млади и за прв пат во својата структура го додава спортот. Целта на „Еразмус Плус 2014-2020“ програмата е зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието, обуката и младинската работа, како и обезбедување на можности за над 4 милиони Европејци да учат, да стекнат работно искуство и да волонтираат во странство.

Можеби ќе ве интересира

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид