29 Април, 2024
0.0241

РАЗБУДЕТЕ СЕ НАСПАНИ: Утрински навики кои ќе ви го разубават денот

Објавено во: Стил 06 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Првите петнаесетина минути откако ќе се извлечете од креветот можеби се пресудни за тоа како ќе ви тргне денот. Со овие неколку едноставни навики, ќе се разбудите свежи и позитивни

1. Истегнете се

Кога станувате од кревет имајте навика да го истегнете телото пред да го почнете денот. Утринската гимнастика пак, игра голема улога во вашето расположение и телесниот тух. Затоа, секоа утро практикувајте да ги истегнете мускулите од телото.

2.Станете од креветот правилно

Она што најмногу му одговара на вашето тело пред да станете од креветот е прво да се стркалате на десната страна, а потоа да седнете неколку секунди, наместо веднаш да рипнете на нозе.

3.Вода и лимон наместо кафе

Секое утро пијте цеден лимон во чаша вода, а ако можете додадете и мед. Овај метод е мелем за организмот наутро. Тој го забрзува метаболизмот, согорува маснотии, ги чисти устата и грлото и ви дава голема доза на енергија. Откако ќе го испиете, почекајте 30тина минути, па потоа мијте ги забите и појадувајте.

4. Медитација

Пред да го започнете денот дајте си неколку минути време за медитација и опуштање на телото и умот. Сместете се удобно, затворете ги очите и неколку минути смирено дишете.

5.План на денот

Откако ќе се расоните направете си во главата план за вашиот ден. Секогаш е добро пред време да си го организирате времето и обврските.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти