02 Мај, 2024
0.0284

РЕАКЦИИ ЗА БУГАРСКИОТ КАНАЛ: Убаво ова со БНТ овде, а МТВ кога таму?

Објавено во: Македонија 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Откако почна да се емитува во земјава бугарскиот канал БНТ, има бројни реакции на социјалните мрежи од граѓани во земјава.

Има и голем број шеговити коментари на таа сметка, но и многу политички реакции.

Една од реакциите е на Зоран Иванов, поранешен претседател на Надзорниот одбор на МИА.

„Ало Бучковски и другарите од Скопје и Софија, убаво ова со БНТ овде, а МТВ кога таму?
Молк, а нели реципроцитет?“, напиша на својот фејсбук профил Зоран Иванов. 

„Еве ја пуштиле БНТ на Т-хоум, па сега следно е ваљда да ни кажат по колку треба да гледаме дневно, за да биде пропорционално со српската пропаганда“, напиша на ФБ новинарката Соња Трајковска.

Има реакција и од политичката партија на Стевчо Јакимовски.

„За жал предвидувањата на ГРОМ се остварија. Уште со првото вчерашно емитување во Македонија, бугарската телевцизија БНТ арогантно, некултурно и до крај безобразно ја презентираше својата шовинистичка пропаганда“, реагираат од партијата.

„Волкот го менува влакното но не и навиките, па така и Бугарите веднаш започнаа со негирање на македонската нација и побугарчување на македонските револуционери. ГРОМ го осудува овој чин на предавство од страна на владата и ставање змија во пазувите на македонскиот народ. Затоа е потребно енергично и масовно спротиставување“, се наведува во реакцијата.

Поради тоа ГРОМ апелира до македонскиот народ и сите граѓани „кои се противат на негаторските политики врз македонскиот народ и држава од страна на Бугарите“, да ги блокираар каналите на коишто ќе бидат емитувани бугарските телевизии.

Како што објавија медиумите, уште на првиот ден од емитувањето на Бугарската национална телевизија, која и официјално од денеска зрачи територија на земјава, не изостана ниту провокација, каде што сите македонски дејци се претставени како бугарски.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање