29 Април, 2024
0.0240

(РЕЦЕПТ) ОВА МОРА ДА ГО ПРОБАТЕ: Лимонада со лубеница – лубенада!

Објавено во: Стил 21 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Пред вас е краток, едноставен и брз рецепт за летно освежување и уживање во тропските горештини.

Состојките за овој пијалок се лесно достапни и секој пазар или пилјара ги има во изобилие, па не претставуваат ни голем трошок.

Lubenica06

Потребно ви е:

4 шолји коцкици лубеница без семки

½ шолја вода

2 лажички мед

½  свеж цеден сок од лимон

-парчиња лимон

-мента

Limun

1.Во помало тенџере , додајте  ½  шолја вода и 2 лажички мед и оставете да зоврие. Мешајте додека медот не се раствори.

2. Ставете ја лубеницата во блендер и мутете додека не стане мазна смеса. Процедете ја лубеницата додека не добиете чист сок од лубеница.

3. Измешајте го сирупот кој претходно го направивте со 3 шолји вода и сок од лимон. Наполнете ја чашата со лед, додајте сок од лубеница и потоа дополнете ја чашата со лимонада.

4. Благо промешајте пред сервирање. Украсете со парчиња лимон и листови нане.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти