02 Мај, 2024
0.0257

РЕЗЕРВИРАТЕ СМЕСТУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ: На овие работи мора да внимавате

Објавено во: Стил 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во денешно време сместување при патувања најчесто се резервира на интернет. 

Но, сепак на лице место е најевтино да резервирате затоа што никој не ја нуди услугата за резервирање бесплатно. 

Може да се случи некои хотели или хостели да не го испочитуваат она што е договорено на сајтот. 

„Резервирав сместување во соседна земја и ми пишуваше дека не треба однапред да се плати, но утредента добив сметка на мејл на која треба да ги уплатам парите. Тоа е дополнителен трошок, провизија мора да се палти“- раскажува корисник кој револтиран го откажал сместувањето. 

Има и објекти каде за чистење наплатуваат по 10 евра плус, но за тоа дополнително ве известуваат. Добро распрашајте се за сите работи, и читајте го она што го пишува со ситни букви. Се плаќа и такса по ноќевање од 1 евро. 

Има опција за бесплатно откажување, но ако овој рок го скокнете, подоцна за откажување ќе мора да платите. 

Водете сметка и за тоа кога ви се бара број од картичка како гаранција. Може да се случи и веднаш да ви биде наплатено, без можност да ви се вратат парите ако го откажете сместувањето.