Роботи почнуваат да прават вести за позната британска агенција
Објавено во: Свет 08 Јули, 2017
Британската Press Association (PA) наскоро ќе има можност да ја префрли одговорноста за пишување на 30 илјади локални вести на роботи. Новинската агенција во четвртокот доби 706 илјади евра (622 илјади долари) грант од Google да работи со компјутерска информациска услуга, која генерира локални вести, пренесе The Guardian.
Националната новинска агенција, кои обезбедува податоци за медиуми во Велика Британија и Ирска, ќе работи заедно со новинарскиот стартап базиран на бази-податоци Urbs Media. Заедничкиот проект цели да создаде „поток од релевантни локални приказни за стотици медиуми„.
Предметниот проект ја освои една од најголемите помоши во рамките на програмата Google Digital News Initiative која е поддршка иновациите во европското дигитално новинарство. PA и Urbs Media ќе создадат систем на име Radar (Reporters And Data And Robots), која ќе генерира илјади вести месечно. Главниот уредник на PA Питер Клифтон коментира дека новинарите ќе продолжат да учествуваат во пронаоѓањето и создавањето на новинарски материјали, а вештачкиот интелект ќе биде употребен за зголемување на количеството на содржината.
„Искусни луѓе-новинари ќе продолжат да бидат од витално значење во процесот, но Radar ни овозможува да користиме вештачка интелигенција, за да го прошириме количеството локални вести што би било невозможно да го обезбедиме рачно. Тоа е неверојатен чекор напред за PA“, објасни Клифтон.