02 Мај, 2024
0.0264

Рош Македонија донираше средства за болните од рак

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

„Рош“ е една од водечките фармацевтски компании во Македонија и една од најголемите компании  за иновации во полето на онколошки лекови и дијагностика. Компанијата е присутна  во Република Македонија повеќе од 15 години. Оваа година нејзината канцеларија во Скопје беше промовирана во регионален центар за Балканот, покривајќи ги Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија. Во целиот овој период компанијата неуморно се трудеше да ги направи подостапни светските стандарди во лекување на ракот за македонските пациенти. Во исто време, „Рош Македонија“ во соработка со македонските власти работи на ефикасно справување со ракот и на спасување на многу животи.

ros 1

Оваа година „Рош Македонија“ повторно активно го поддржува светскиот настан – месец октомври – светски месец на борба против ракот на дојка.  Како дел од низата активности на 29 октомври во „Сити Плаза“, каде што се наоѓа седиштето на компанијата во Македонија, се организираше настан за да се зголеми свеста и поддршката за борбата против ракот. Во текот на овој настан, на кој присуствуваа истакнати домашни и меѓународни гости од различни сектори, се презентираа фактите и постигнувањата на компанијата во онкологијата и лекувањето на ракот на дојка.

Ракот генерално, а особенот ракот на дојка, е сериозен здравствен проблем како во Македонија така и во светот. Тој е главна причина за сериозни нарушувања и смртност  кај жените во Европа. Ракот во целина е една од првите три причини за смртност во Македонија. Кога се работи за ракот на дојка, според податоците на ГЛОБОКАН, во 2015 година се предвидуваат околу 1200 нови случаи на рак на дојка само во Македонија.

„Рош е активно вклучен во оваа област преку многубројни инвестиции со цел да се унапреди онкологијата во Македонија. Само во последните три години „Рош Македонија“ во полето на онкологијата инвестираше повеќе од пет милиони евра преку континуирани донации, професионална обука, инфраструктурни проекти и клинички испитувања. Ќе продолжиме активно да ги поддржуваме напорите за обезбедување соодветно и адекватно лекување и нега на болните од рак што се лекуваат на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија во Скопје“, изјави директорот на Балканската групација на „Рош“, г. Уфук Апајдин.

ros 2

Во склоп на овој настан „Рош Македонија“ донираше 250.000 денари на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија во Скопје.

„Оваа инвестиција на „Рош Македонија“ е дел од тековните напори да се подобрат условите и да се обноват просториите каде што болните од рак ја примаат терапијата. На овој начин, нашите пациенти ќе се чувствуваат подобро за време на нивниот престој во болницата“, потенцираше Милан Ристевски, директор на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија во Скопје.

„Новите терапии значително ќе ја подобрат стапката на преживување на рак на дојка. За жал, и покрај огромните напори на сите институции во Македонија, стапката на преживување од рак на дојка е најниска во Европа. Затоа сме решени да го продолжиме нашето партнерство со властите на сите нивоа за да најдеме ефикасен начин и решенија нашите граѓани да имаат пристап до најновите иновативни третмани за рак на дојка. Цврсто сме уверени дека ваквите заеднички напори ќе помогнат да има поздрави и попродуктивни семејства во Македонија“, заклучи директорот на Балканската групација на Рош.

„Рош“ е швајцарска мултинационална компанија основана во 1896 година во која работат 85.000 професионалци во повеќе од 150 земји во светот. Нивните терапии и дијагностички решенија достигнуваат продажба од  46,6 милијарди швајцарски франци на глобално ниво, додека само минатата година 21 милион пациенти се лекувале со еден од 25-те најпродавани производи на компанијата. Секоја година „Рош“ инвестира по речиси 9 милијарди швајцарски франци за истражување и развој на лекови и дијагностички решенија, што ја вбројува меѓу првите пет индустрии во светот со најголеми инвестиции во истражување и развој. Последните неколку децении револуционерните постигнувања на „Рош“ во полето на дијагностиката и лекувањето на сериозни заболувања доведоа до значително подобрување на здравствените резултати како и до продолжување на животниот век.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор