29 Април, 2024
0.0251

РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот!

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Безбедноста во сообраќајот на патиштата претставува сериозен предизвик, односно сериозен проблем во сите современи општества. Секојдневно на улиците ширум Европа, се случуваат сообраќајни незгоди со фатални последици, предизвикани од неодговорни возачи, возачи под дејство на алкохол итн. Соочувајки се со растечкиот и загрижувачки тренд на зголемен број настрадани лица во сообраќајни незгоди, покрената е иницијатива со која 19 септември 2018 година, се прогласува за Европски ден без жртви во сообраќајот.


Брзината и брзото возење и понатаму остануваат критичен ризик-фактор што предизвикува сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици. Околу 40% од сообраќајните незгоди се предизвикани при возење со брзина поголема од дозволената. Според истражувањата, намалување на просечната брзина за 5% може да резултира со намалување на бројот на фатални сообраќајни незгоди за 30% .

Токму затоа, оваа година Европскиот ден без жртви во сообраќајот, се реализира под мотото „Намалувањето на брзината спасува животи“.

Секојдневно на улиците и на патиштата ширум светот, животот го губат околу 3500 лица, а околу 140 000 лица се повредени во сообраќајни незгоди. 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата повикува да ја поддржиме иницијативата за одбележување на Европскиот ден без жртви во сообраќајот. Акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“ се одбележува во сите земји во Европа, а целта на акцијата е за само еден ден да бидат спасени 3500 човечки животи. Секој од нас поединечно и сите ние заедно можеме да го направиме сообраќајот побезбеден. Можеме за само еден ден да спасиме 3500 човечки животи и многу повеќе доколку секој ден бидеме дисциплинирани и одговорни учесници во сообраќајот.


Сообраќајна дисциплина, почитување на сообраќајните правила и прописи, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, почитување на правилата за ограничување на брзината, неуправување моторно возило под дејство на алкохол, технички исправно возило,  користење безбедносен појас и заштитна кацига, користење детско седиште, некористење мобилен телефон при управување со возило ... и многу други едноставни, добри и позитивни навики, спасуваат човечки животи.

РСБСП со апел: Биди позитивен пример за безбедно учество во сообраќајот! За сообраќај без жртви - биди дел од кампањата „Европски ден без жртви во сообраќајот“!


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг