02 Мај, 2024
0.0254

Русија ги опоменува граѓаните за патување во Црна Гора, имало антируска хистерија

Објавено во: Балкан 30 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за надворешни работи на Русија ги советува државјаните на земјата „добро да размислат“ пред да отпатуваат во Црна Гора. 

Ова го изјави портпаролката на министерството,  Марија Захарова истакнувајќи дека во таа земја „владее сѐ поголема антируска хистерија“.

Захарова вели дека тврдењата на Подгорица дека Москва наводно учествувала во обидот за организирање државен удар во Црна Гора е „класичен пример за дезинформација со намера да се оцрни Русија“. 

„Русија во неколку наврати кажуваше дека на никој начин не е поврзана со какви било обиди за организирање нелегални дејства во Црна Гора. Сметаме дека тврдењата на Подгорица се чиста измислица за да се оцрни Русија, да се нагоди јавното мислење на граѓаните на Црна Гора да заземат став против братскиот руски народ, но и да се прикријат антидемократските методи на влегувањето на Црна Гора во НАТО“- пишува Захарова во соопштението.

Захарова вчера кажа дека тврдењата на министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ за наводното мешање на Русија во внатрешните работи на таа земја имаат цел да го оправдаат пред сопствените граѓани влегувањето во НАТО.

Захарова вели дека ова се прави затоа што граѓаните не се воодушевени од влегувањето во НАТО. 

Таа истакна дека медиумското следење на членството на Црна Гора во НАТО е базирано врз „шпиуноманија“ и потреба за заштита од виртуелен непријател.

Захарова истакнува дека државната елита во Црна Гора често дејствува не според законот. Во такви услови руските граѓани и претприемачи ризикуваат да се најдат под притисок на црногорските власти и да се соочат со закани и провокации.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“