10 Мај, 2024
0.0273

Рускиот министер за одбрана во изненадна средба со Асад во Сирија

Објавено во: Свет 19 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја посети изненадно Сирија и разговарал со претседателот Башар Асад.

Главната тема за време на посетата во Дамаск и средбата на Сергеј Шојгу со Башар Асад била ситуацијата во блискоисточната држава, пренесоа странските медиуми.

Тие разговарале и за ситуацијата со тероризмот и плановите за интеракција, соопшти сирискиот амбасадор во Москва Ријад Хадад.

Според него, ситуацијата е многу сложена и бара постојани состаноци. Засега нема официјална информација за разговорите меѓу Шојгу и Асад во Дамаск, но тоа е втората по карактер слична мисија, со која претседателот Путин го оптоварува министерот за одбрана Шојгу, откако пред неколку месеци тој го посети Иран и разговараше со претседателот на земјата Хасан Рухани .

Тогаш тој ја предаде личната порака од страна на Путин до Рухани за развивање на односите меѓу Москва и Техеран.

По разговорите во Дамаск, министер Шојгу ја посетил воздухопловната база Латакија, која се наоѓа во северозападна Сирија на брегот на Средоземното Море, каде се запознал со нејзината секојдневна активност. Исто така, тој го проверил местото во неа, каде е сместена противракетниот воздух систем Со 400. Потоа со командата на базата разговарал подетално за извршувањето на поставените задачи поврзани со уништувањето на инфраструктурата на терористичките формации.

Шојгу извршил увид и во рускиот центар за примирјето, кој работи во тесна координација со американскиот центар во јорданската престолнина Аман за проширување на местата и областите во кои ќе се почитува процесот на примирје.

Во последниве месеци, и покрај дадената наредба од Кремљ за повлекување од Сирија, Москва иако со помали можности учествува во воените дејствија во земјата. Руската воена авијација извршува задачи во различни области на земјата, во врска со уништувањето на терористичките формации ИДИЛ и Джебхат ан нусра.

Неодамна еден руски војник, кој се наоѓа во Сирија, почина како последица на повредите здобиени при учество во операција против терористите во земјата.

Можеби ќе ве интересира

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули