05 Ноември, 2024
0.0276

Руските пари ќе стигнат за гасовод до Штип, но не и до Кавадарци

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Гасоводот Клечовце-Штип доби законска основа. Пратениците денеска го изгласаа Законот за реализација на инфраструктурниот проект за изградба на магистрален гасовод, делница Клечовце – Блок-станица 5, во близина на Штип, по скратена постапка. Проектот ќе се реализира врз основа на преговорите меѓу претставниците од Македонија и од Русија, врз основа на меѓувладината спогодба за порамнување на клириншкиот долг, од изведувачот ОАД „Стројтрансгас“ од Москва. „Изградбата на гасоводната делница ќе опфати изведување градежни, машински, електро-работи и катодна заштита на линиски дел од магистралниот гасовод со должина од 60,7 км, во чиј состав се седум блок-станици и отпремна чистачка станица, како и други работи кои ќе бидат предмет на регулирање со договор. Вкупната сума изнесува 75 милиони долари, што е според меѓувладината спогодба. Гасоводната делница ќе се гради по принципот клуч во рака“, рече заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини. За пратениците од СДСМ е нејасно зошто со парите од затворањето на клириншкиот долг проектот ќе се реализира само до Штип, а планот бил гасоводот да стигне до Кавадарци. „Обврска на Македонија е да учествува со 15 милиони долари. Од каде ќе се платат и дали е тоа конечната цена?“, праша пратеникот Јани Макрадули. Оваа делница е првата од планираната примарна гасоводна мрежа која треба да стигне до сите градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

„МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ СТАНА БУГАРСКА: Бендевска го информираше обвинителството дека уште работи бугарскиот клуб во Битола

„МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ СТАНА БУГАРСКА: Бендевска го информираше обвинителството дека уште работи бугарскиот клуб во Битола

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пензионирани полицајци споделувале службени тајни со криминалната група „Дуќанџик“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пензионирани полицајци споделувале службени тајни со криминалната група „Дуќанџик“

ГО ПОЧУВСТВУВАА И СКОПЈАНИ: Земјотрес имаше на границата меѓу Македонија, Србија и Косово

ГО ПОЧУВСТВУВАА И СКОПЈАНИ: Земјотрес имаше на границата меѓу Македонија, Србија и Косово

(ВИДЕО) ЗАБАВАТА СО ЗАЕВ ВО ДУБАИ Е ПРИВАТНА РАБОТА: Филипче не сака да коментира

(ВИДЕО) ЗАБАВАТА СО ЗАЕВ ВО ДУБАИ Е ПРИВАТНА РАБОТА: Филипче не сака да коментира

TAРАВАРИ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Се работи за бременост што не била следена баш како што треба

TAРАВАРИ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Се работи за бременост што не била следена баш како што треба

КАСАМИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕЗЕМАЛЕ ОБВРСКА ЗА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА: Очекува поддршка во советот

КАСАМИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕЗЕМАЛЕ ОБВРСКА ЗА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА: Очекува поддршка во советот

БГНЕС: На кејот на Вардар во Скопје има графит со боите на бугарското знаме и натпис „Бугарите во Уставот“

БГНЕС: На кејот на Вардар во Скопје има графит со боите на бугарското знаме и натпис „Бугарите во Уставот“

Ацевски: Да се преиспита финансирањето на „шангајските“ стипендии

Ацевски: Да се преиспита финансирањето на „шангајските“ стипендии

ЕВЕ ДО КАДЕ Е ПАТОТ ЕЛБАСАН-ЌАФАСАН: Еди Рама се пофали на Фејсбук

ЕВЕ ДО КАДЕ Е ПАТОТ ЕЛБАСАН-ЌАФАСАН: Еди Рама се пофали на Фејсбук