11 Мај, 2024
0.0276

Рустеми прифатил се што му наредила Јанева: Го „одмрзнал“ станот на Главчев и му го вратил пасошот

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Фото: Фокус

Бурим Рустеми, обвинителот од поранешно СЈО, во денешното рочиште за случајот "Рекет" сведочеше дека на барање на  обвинетата Катица Јанева "одмрзнал" стан во Скопје кој бил сопственост на Томе Главчев, осомничениот бизнисмен во случајот Поштенска банка. Сведокот додаде и дека поранешната специјална обвинителка  од него побарала и враќање на пасошот на Главчев, по што ја прифатил и ова барање.

Јанева кажала дека има сознанија оти станот бил веќе продаден па само би се нанела штета, додека за пасошот рекла дека Главчев дал гаранција во машини за шиење кошули чија вредност изнесувала 1 милион евра. 

Тој појасни дека се согласил со тоа зошто не се сомневал дека не е така како што кажува Јанева.

-Се работеше за голем имот, па тој стан немаше голема улога. После неколку месеци разговарајќи со колешката Лиле Стефанова, таа знаеше за станот, и по нејзините проверки дознала дека можно е сопственик на станот е Сашо Василевски, екс директор на МЕПСО и член на Советот на јавни обвинители. Таа информација не ми беше пријатна, рече Рустеми.

Згора на се, Рустеми го потврди сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лиле Стефанова, дека од нив било побарано да дозволат осомничените во Империја и Поштенска банка да ја платата штетата и да не одат во затвор. Рустеми рече дека тогаш не бил свесен за последиците, односно не се посомневал во позадината и сметал дека станува збор за правно мислење на Врховниот суд.

-Се сеќавам дека во еден момент Јанева побара да му се врати пасошот на осомничениот Томе Главчев со гаранција од имот, односно машини за производство на кошули, во вредност од еден милион евра. Дадов позитивно мислење и по дискусија со одредени колеги заклучив дека во ред била замената, рече обвинителот.



Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК