28 Април, 2024
0.0259

Сакате да патувате низ светот? Eве како да најдете евтини ноќевања

Објавено во: Стил 06 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Цените на ноќевањата во хотели и апартмани во светот постојано се зголемуваат или намалуваат. Ако сакате патување, мора да ги знаете овие неколку фактори кои ќе ви помогнат да заштедете пари.

1 Барајте понуди со гратис услуги- Кога барате ноќевања, барајте понуди со повеќе услуги. Во тој пакет ќе имате и нешто гратис, кое во секој случај ќе треба да го платите во денот. Како на пример, доручек, слободно Wi-fi и бесплатно јадење за деца. Исто така во овие понуди имате и бесплатен пијалак во фоајето. Луѓето сметаат дека на овој начин ќе потрошат повеќе, но на крајот овие гратиси ќе ви помогнат да заштедете нешто додека сте на патување.

2.Барајте хотели подалеку од центарот на градот – Трошоците за транспорт и ноќевање во подалечен хотел се помали од ноќевањето во хотел во центарот на градот. Исто така, евтини апартмани можете да најдете и во универзитетските области. На овие места има и евтини угостителски локали.

3.Избегнувајте ги викендите – Хотелите во популарни дестинации редовно ги креваат цените за ноќевање во петок и сабота. Во некои случаи, цената за престој во овие денови може да се зголеми и три пати повеќе од нормалната.

4.Барајте апартмани – Ако останувате подолго време во некој хотел, барајте поголем апартман во кој ќе бидете сместени повеќе луѓе, наместо да земате одделени соби. Апартманите на подолг период се поевтини и нудат повеќе простор.

5. Бидете член за награда во хотелот – Ако престојувате во некој хотел повеќе пати, зачленете се на листата за награди. Не само што можете да добивате наградни поени кои можете да ги користите за бесплатно ноќевање во иднина, туку ќе бидете и известувани за сите попусти на хотелот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти