11 Мај, 2024
0.0284

САКАТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО САД: Од утре почнува аплицирањето за зелена карта

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Од утре до 10 ноември ќе трае пријавувањето на лотаријата за зелена карта за 2022 година за Соединетите Американски Држави. Пријавувањето е преку официјалната веб страна dvprogram.state.gov, на која има целосни инструкции, кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани преку програмата почнувајќи од 8 мај 2021 година.

Од Амбасадата на САД во Сeверна Македонија информираат дека учеството во лотаријата  е бесплатно и им препорачуваат на кандидатите да ги спремат и поднесат своите пријави што е можно порано.

-Кандидатите смеат да побараат помош од страна на трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но секој кандидат е одговорен за тоа дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни.  Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот, дури и откако е извлечен како добитник.  Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една пријава.  Поднесувањето на повеќе пријави ќе доведе до дисквалификување од  лотаријата, појаснуваат од Амбасадата. 

Секој кандидат треба да ја испечати потврдната страница од пријавата со својот единствен број и да ја зачува до 30 септември 2022 година, за да може да провери дали е извлечен.  Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.

Миа

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Таравари се надева дека ВЛЕН ќе ја добие функцијата претседател на Собранието

Таравари се надева дека ВЛЕН ќе ја добие функцијата претседател на Собранието

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“