02 Мај, 2024
0.0277

Самсунг ја претстави „ISOCELL“ линијата на сензори за слика на Конгресот на мобилна технологија 2017 во Шангај

Објавено во: Мои пари 29 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.,), денес ја претстави својата линија на сензори за слика ‘ISOCELL®’ и ги демонстрираше најсовремените решенија на Светскиот Конгрес на мобилна технологија 2017(2017 Mobile World Congress) во Шангај.

Линијата на Самсунг сензорите за слика е именувана според ISOCELL технологијата на Компанијата, што претставува оптимално решение за денешните уреди кои имаат потреба од ултра-тенок дизајн со висок квалитет на камера. Прв пат претставена во 2013, ISOCELL технологијата го одделува секој пиксел со помош на физичка бариера која го намалува прелевањето на боите измеѓу пикселите. Ова овозможува висока веродостојност на бојата, овозможувајќи одличен квалитет на слика дури и кај помалите пиксели.

Самсунг ISOCELL има четири технолошки под-брендови - Bright, Fast, Slim и Dual, кои одговараат на специфичните барања на пазарот:

l  ISOCELL Bright сензорите нудат светли и остри слики со висока веродостојност на боја и го намалува шумот во услови на недоволна осветленост

l  ISOCELL Fast сензорите обезбедуваат брз авто-фокус на објекти кои се во мирување или движење, дури и ако тие се темни

l  ISOCELL Slim сензорите ја воведуваат на пазарот најмалата димензија на пиксели од0.9-1.0um, а сепак произведуваат висок квалитет на слика на најтенките уреди

ISOCELL Dual сензорите можат различно да се комбинираат и усогласат на корисничките уредиза да се добијат карактеристиките кои се бараат на пазарот како најнов тренд на двојна камера

Линијата на сензори на Самсунг - ISOCELL ја претставува суштината на нашата водечка технологија за пиксели. Ние очекуваме дека линијата ISOCELL ќе им помогне на потрошувачите лесно да ја прифатат и да имаат доверба во перформансите на камерата како и на севкупниот квалитет на уредот. Со нашата напредна технологија на сензор за слика, Самсунг ќе продолжи да воведува иновации кај камерите кои ги користат паметните телефони и други апликации.” – изјави Бен Хур(Ben Hur), Потпретседател на Маркетинг за LSI Системите во Компанијата Самсунг Електроникс.

На Конгресот за мобилна технологија (MWC) во Шангај, Самсунг ги претстави и напредните логички решенија, вклучувајќи ја серијатаExynos 9 со 10 нанометри FinFET технологија на процесирање, за широк спектар на платформи како што се мобилните уреди, виртуелна реалност (VR) и уредите за носење.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор