Добивај вести на Viber
Во Сараево денес живеат повеќе од 40.000 Арапи, а меѓу нив 30 отсто се припадници на вехабиско-салафистичка идеологија каква што имаат ИД и Ал Каеда, објави загрепски Вечерњи лист, во изданието за БиХ.
Досега се депортирани повеќе од 30 арапски државјавни на кои им е забранет влез во БиХ поради поврзаност со ИД и други радикални исламистички групи. Една од главните одлики на овие лица е што купуваат недвижен имот со капитал кој е пренесен на сомнителен начин.
- Најдовме многу фиктивни фирми, 99 отсто од нив тргуваат со недвижности се регистрирани со основачки капитал од 2.000 КМ, а во меѓувреме купиле земјиште или згради во вредност од по 600.000 или 700.000 КМ - истакнува Слободан Ујиќ Директорот на Службата за работа со странци во БиХ.