10 Мај, 2024
0.0291

СДСМ: 11 години криминал на претходната власт се главен проблем на ПИОМ

Објавено во: Македонија 25 Март, 2018

Добивај вести на Viber

СДСМ ги одбива обвинувањата на опозицијата дека не ги исполнила изборните ветувања за два пати годишно зголемување на пензиите и дека со тоа придонела за влошен животен стандард на пензионерите поради се повисоките трошоци за живот. 

Од СДСМ велат дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ продолжува со манипулации на јавноста додека состојбата со ПИОМ се стабилизира, а пензиите растат согласно трошоците за живот.

“ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со пензионерите, ускратувајќи го законското право пензиите да се усогласуваат со растот на трошоците за живот. Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се причината за предизвиците со коишто денес се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување. За разлика од таквиот потценувачки пристап на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ ги покачува пензиите во согласност со растот на трошоците на живот и растот на платите“, соопштува СДСМ.

Тие велат дека, усогласувањето на пензиите од 1 јануари 2018 година изнесува 1,69 отсто, и  овој процент на усогласување на пензиите ќе се исплати ретроактивно за јануари, февруари и март 2018 година со исплата на пензијата за март 2018 година.

„Со зголемувањето на минималанта плата и растот на просечната плата, се отвори сприралата за раст на платите, што позитивно влијае и врз идното реално покачување на пензиите. Владата предводена од СДСМ преку успешните економски мерки и Планот за економски раст поттикнува отворање нови работни места, повисоки плати и економски раст. На тој начин ќе се стабилизира состојбата во ПИОМ и се обезбедува сигурност за сегашните, но и за идните пензионери“, тврди СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТОТ ГОСТИВАР - МАВРОВО: Има одрон на патот

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТОТ ГОСТИВАР - МАВРОВО: Има одрон на патот

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев