02 Мај, 2024
0.0304

СДСМ ја започна кампањата против техничкиот министер: Наќе Чулев има хипотека за „Диво Насеље“

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

СДСМ вчера го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи во наредните 100 дена пред парламентарните избори, но веќе од денеска започна со црната кампања против кандидатот на опозицијата.

„Јавноста треба да знае дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада, Наќе Чулев, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље”.

Оваа хипотека ќе има негативни импликации во јавноста но и кај вработените во МВР.

СДСМ изразува жалење што во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Мицкоски, и преку овој избор за негова ноиминација, се обидува да ја враќа земјата назад во деновите на сериозни внатрешни конфронтации“, се вели во утринското соопштение испратено од „Бихаќка“.

Од Социјалдемократскиот сојуз додаваат дека нема да дозволат внатрешни конфронтации во самата техничка Влада, осносно дека нема да дозволат, како што велат од таму, тоа да се преслика во општеството.

„Тоа нема да дозволиме да се случи, граѓаните можат да бидат спокојни. СДСМ со сиот свој капацитет ќе ја обезбеди внатрешната стабилност и демократскиот амбиент пред и за време на изборите на 12 април.

Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април“, пишува во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка