28 Април, 2024
0.0276

СЕ ЈАВИ И ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА ЗА ЈАВНА СОБА: Престапниците да бидат гонети и казнети

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

И претседателот на државата Стево Пендаровски се вклучи во осудата на она што се случувало во скандалозната група Јавна соба. Тој бара надлежните органи да ги гинат престапниците согласно законските прописи.

Правото на приватност е загарантирано со највисокиот правен акт – Уставот на Република Северна Македонија. Деновиве сме згрозени што повторно сме сведоци на случајот „Јавна соба”, случај во кој фрапантно се крши приватноста на илјадници жени и девојчиња, понижување, сексизам и насилство кои оставаат трајни последици на нивните животи, вели во изјава за МИА претседателот на државата Стево Пендаровски.

Шефот на државата потенцира дека насилството врз жените и девојчињата, во секоја форма – психичко, физичко, сексуално, е казниво со закон.

„Барам од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи. Одговорност мора да има во најкус можен рок“, вели претседателот.

Доколку не се дејствува сега, се создава можност за креирање на култура на неказнивост за кривични дела со кои се уништуваат животите на илјадници жртви. Како општество, секој од нас треба да покаже солидарност и поддршка на жртвите, да не дозволиме двојна виктимизација. Да дејствуваме веднаш!, вели Пендаровки за МИА, коментирајќи го случајот со „Јавна соба”.

Случајот повторно се актуелизира деновиве откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа Телеграм над 5.600 членови на групата споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.
А веќе објавивме и сведоштво од девојките кои доживеале тешки трауми поради тоа што некои неовластено споделувале фотографии во скандалозната група.

„Се повлеков, не излегував од дома. Полицијата не можеше да стори ништо. Агонијата продолжува“. Ова е само дел од суштината во сведоштвата на две девојки кои решија вчера јавно да проговорат што доживеале откако нивни фотографии биле споделени во групата Јавна соба со илјадници луѓе на Телеграм. Прво проговори Ана која се обрати со видео порака, а потоа и друга анонимна девојка. 

Полицијата вели дека и е во траг на групата. 

Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа откриени околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни . Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба” по преземените мерки е згасната.

Можеби ќе ве интересира

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави