Се обидел да пука во Трамп, по што беше уапсен
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2016
Човек уапсен во Лас Вегас вели дека се обидел да го одземе оружјето на полицаец, за да може да го убие кандидатот за претседател Доналд Трамп, пренесоа Франс прес и американските медиуми.
Станува збор за 19-годишниот Британец Мајкл Стивен Сандфорд. Според властите Сандфорд отишол на состанокот на Трамп со гласачи во казино на 18 јуни. Тој се приближил до локален полицаец, велејќи дека сака автограм од милијардерот. Потоа го зграпчил пиштолот на полицаецот и се обидел да го извади од футролата за да пука во Трамп, при што бил уапсен. Сандфорд имал британска возачка дозвола и изјавил дека е во САД околу година и половина, а живеел во Њу Џерси.
Ден претходно тој отишол на стрелиште во Лас Вегас и добил часови за користење на пиштол.
На предизборната средба на Трамп во казиното присуствувале околу 1.500 луѓе.