02 Мај, 2024
0.0300

СЕ ОЧЕКУВА БОЈКОТ: Некои попишувачи за северниот дел на Косово „се повлекле од процесот“

Објавено во: Балкан 08 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Некои попишувачи за северниот дел на Косово „се повлекле од процесот“. 

Вршителот на должноста директор на Агенцијата за статистика на Косово, Авни Кастрати изјави дека сите заедници во Косово учествуваат во процесот на попис на населението, иако се појавија одредени проблеми на северот на земјата.

Процесот почна на 5 април и ќе трае до 17 мај.

„Во регистрацијата учествуваат сите заедници, не занемарувајќи ниту една заедница и веруваме дека вака ќе продолжиме до завршување на процесот на регистрација“, рече Кастрати. 

Тој изјави дека ден претходно лично се сретнал со припадниците на српската заедница на северот на Косово и дека Агенцијата за статистика на Косово обезбедила „солиден број“ попишувачи за регистрација на населението од овој регион.

На овој попис се очекува и бојкот, затоа што најголемата партија на Србите на Косово, Српска Листа, ги повика Србите да го бојкотираат процесот на попис на населението организиран од институциите на Косово.

Европската унија планира наскоро да ја организира следната средба меѓу главните преговарачи на Косово и Србија за да се најде решение за прашањето за динарот врз основа на предлог на посредникот Мирослав Лајчак.

Портпаролот на ЕУ, Петар Стано, во изјава за медиуми  рече дека страните мора што поскоро да најдат решение за да го отворат патот за нормализација на односите.

Последниот попис на населението во Косово беше спроведен во 2011 година, кога земјата имаше околу 1,8 милиони жители.

foto freepik.com/natanaelginting

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“