Се појави уште една „Јавна соба“
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2021
Се појави уште една „Јавна соба“.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во вчерашното гостување на „360 степени“ истакна дека отворена е уште една група „Јавна соба“, откако претходната беше избришана. Тој изјави дека досега се приведени четири лица вмешани во првата група во која се споделуваат приватни фотографии телефонски броеви од девојки, жени, но и малолетнички.
Парични, но и затворски казни ќе следуваат доколку некој ве демне. Најавени се законски измени во врска со случајот „Јавна соба“.
Во Кривичниот законик се додава член 144 а - во кој се вметнува терминот „демнење“ кој се објаснува на повеќе начини: подолго време неовластено следење, прогонување или друг начин на мешање во личниот живот на друг, злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација и сето ова да предзивика чуство на несигурност, став, вознемереност, сооопштија од Министерството за правда. Велат дека со измените се предвидуваат парични казни, но и казна затвор до три години.