Добивај вести на Viber
Во 6 основни училишта во општина ќе се реновираат спортските сали. Со реконструкција на салите се опфатени училиштата „Блаже Конески“, „Димитар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Љубен Лапе“и „Браќа Миладиновци“ . Во ОУ „Блаже Конески“ градежните работи се почнати.
„Ќе се изврши реконструкција на спортските сали, соблекувалните и просториите за реквизити, ќе се реконструираат покривите на спортските сали во некои училишта, ќе се промени внатрешната столарија, ќе се реновираат санитарните јазли, ќе се постават заштитни решетки на прозорците и вратите, а ќе се заменат и подовите и плочките во соблекувалните и ходниците. Ќе се молерисуваат ѕидовите и плафоните, а ќе се реконструира и водоводната, канализациската и електричната инсталација“, информираше градоначалникот Ивица Коневски.
Реконструкцијата на учлишните сали ќе чини околу 30 милиони денари. Парите се обезбедени од буџетот на општината.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.