Се стресе Атина - има ли штети?
Објавено во: Балкан 31 Декември, 2017
Земјотрес од 4,6 степени ja стресе Атина и централна Грција рано утринава. Засега нема податоци за штети.
Националната опсерваторија на Атина информира дека земјотресот се случил во 6 часот и 2 минути во Коринтскиот залив, на длабочина од 5 километри.
Според Американската служба за геолошки истражувања, епицентарот бил на 79 километри северозападно од Атина.
Земјотреси утрово имало во Турција, Италија, Иран, и Ирска.