Се тепаа Пакистанци и Авганистанци во Идомени, еден повреден
Објавено во: Балкан 10 Мај, 2016
Во кампот во Идомени се тепаа околу 300 мигранти, при што едно лице е повредено.
Повреденото лице е префрлено во болница за укажување на лекарска помош.
Пакистанци и Авганистанци фрлаа со камења и со други предмети едни на други. Грчката полиција употреби солзавец за да ја запре тепачката во која учествуваа околу 300 бегалци и мигранти, но никој не е уапсен. Од полицијата информираат дека не се познати причините за судирот меѓу мигрантите. Во кампот има околу 10.000 лица, кои поради затворањето на балканската рута не можат да го продолжат патот кон Европа. Владата во Грција со месеци ги убедува да се преместат во организирани кампови, но тие уште се во Идомени.