СЕ ТРЕСЕШЕ БИХ: За 12 минути дури 3 земјотреси
Објавено во: Балкан 26 Октомври, 2017
Три земјотреси синоќа погодија неколку градови во Босна и Херцеговина.
Федералниот хидрометеоролошки завод објави дека сеизмолошките станици во синоќа 46 минути после полноќ регистрирале земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Прозор.
Неколку минути пред тоа, во 12 и 39 часот на подрачјето на Берковиќ е регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степен. Земјотрес од 4.5 степени имало и во 58 минути по полноќ во Румбоци.
Според информациите на босанските медиуми не се забележани материјални штети, освен вознемиреност на жителите.
Инаку, утрово два земјотреси имало во Италија, два во Франција и три во Турција.