02 Мај, 2024
0.0289

Се враќа легендарната НОКИА 3310: Телефонот кој ве освои може да се купи за 6 евра!

Објавено во: Стил 23 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Информацијата која ќе ги израдува носталгичарите-легендарната Нокиа 3310 се враќа.

Сајтот Алиекспрес најави дека во текот на неколку дена во својата понуда има целосно нови Нокиа 3310 по цена од само шест евра.

Популарниот телефон кој своевремено направи револуција на пазарот, може да се нарача со посредство на фирма во Сингапур.

На испраќачот се чека три до четири недели, а купувачот е ослободен од трошоци за поштарина.

Овој „класик“ во 1990-тите, кој како се веруваше можел да преживее и апокалипса, освои милиони корисници ширум светот со своето лесно ракување и големина  -  тежеше само 133 грама и беше значајно помал во однос на конкурентските уреди.

Покрај екранот, осветлен со зелена боја, Нокиа 3310 имаше и именик за 250 контакти, 35 мелодии, часовник, штоперица, аларм и калкулатор, а батеријата, за разлика од денешните паметни телефони, траше цела вечност.

Се тоа биле „паметни“ функции за тоа време, а можеби денес некој ќе посака пак да има токму таков телефон - едноставен.