Се врши претрес во домот на Стевчо Јакимовски
Објавено во: Македонија 07 Август, 2018
Полицијата врши претрес во куќата во Жданец на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, објави Телма.
Претресот се врши по налог на друга државна институција, заради сомневање за злоупотреба на службена должност.
Според извори блиски до истрагата, досега се обезбедени и други докази за финансиски малверзации од страна на Јакимовски.