02 Мај, 2024
0.0381

Се зголемува посетеноста на „Еразмус плус“ инфо-деновите за студирање и усовршување во странство

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на инфо-деновите одржани во Кавадарци, Гевгелија, Берово и Скопје како дел од циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија. Посетителите беа информирани за фазите на одлучување, односно за процедурата за селекција на апликации кои се одвиваат во 4 нивоа:

- Техничка проверка (Проверката се врши од страна на лица вработени во агенцијата, од технички аспект: дали се поднесени сите потребни документи, дали е запазен рокот за аплицирање, дали се пополнети соодветните апликациони формулари итн.)

- Квалитативна евалуација (Оценување на апликациите кое се врши од страна на надворешни експерти – доделување бодови на апликациите според квалитетот на содржината)

- Евалуационен Комитет (Комитет формиран од стручни лица кои доаѓаат од соодветни образовни институции на Р.Македонија, при што се утврдува запазеноста на сите пропишани процедури и правила при селекција на апликациите)

- Одлука од Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

ерасмус 1 Следни инфо денови Агенцијата планира да спроведе во Ресен и Кичево, а со цел зголемување на вклученоста на бизнис заедницата предвидени се и информативни работилници во соработка со стопанските комори во Република Македонија кои ќе се одржат во Скопје и Битола. Покрај наведените настани Националната агенција планира и реализација на повеќе настани кои ќе се концентрираат на подигнување на свесноста во овој образовен сегмент. Целосната програма можете да ја најдете на Фејсбук страната на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

ерасмус 2 Програма, „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од 7 европски образовни програми, програми за обука и млади, и за прв пат во својата структура го додава спортот. Целта на „Еразмус Плус 2014-2020“ програмата е зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието, обуката и младинската работа, како и обезбедување на можности за над 4 милиони Европејци да учат, да стекнат работно искуство и да волонтираат во странство.

ерасмус 3

Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа