02 Мај, 2024
0.2074

Седум работи кои треба да ги знаете ако планирате да се преселите во Германија

Објавено во: Стил 27 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Во време додека некои граѓани ја напуштаат Македонија во потрага по подобар живот, Германија многумина ја сметаат за ветената земја. Но, живот во друга земја е далеку од „мед и млеко“, првенствено поради фактот дека треба да се прилагодите на нови култури, јазик, правила на однесување, и многу други работи.

Ако планирате да живеете во Германија, според Бизнис инсајдер овие работи би требало да ги знаете:

1. Учење на јазикот е многу важно

Иако се повеќе Германци говорат  англиски јазик (а не секогаш било така), уште може да ви се случи и во најголемите градови да наидете на луѓе кои говорат сам германски. Поради тоа е многу важно да го научите германскиот јазик, а денешните бројни училишта на странски јазици и он-лајн тестови и тоа како ја олеснуваат работата.

2. Германците сакаат велосипеди

Германската сообраќајна инфраструктура е полна со велосипедски патеки, а токму велосипедот е најпрактичен и најефтино средство со кое може да се превезувате кога се преселите во поголем град. Оссвем тоа, велосипедизмот е здрав!.

3.Кеш наместо картичка

За разлика од Македонија, во Германија воглавно се плаќа со готовина. Многу лесно може да се случи во ресторан или продавница да не примаат картички, па затоа секогаш кај себе имајте „вистински“ пари.

4.Електронска музика

Иако тоа многумина го сметаат за стереотип, Германија е позната по електронската и техно музика (Scooter, Marusha i dr.). Дури и во помали клубови таков вид на музика се пушта еднаш неделно, а кога атмосферата е вистинска тешко дека ќе одолеете на танг со силни ритами.

Храна

Иако многумина мислат дека Германија е „ограничена“ со кобасици и пиво, тоа никако не иде. Германија е позната по многу интернационални ресторани како турски, италијански, кинески, мексикански, американски и сл.

6.Одлични газирани пијалоци.

Германија нуди голем број квалитетни газирани пијалоци, а во текот на летото е посебно освежителен  "Diesel" - микс од кола и пиво, а тука е и германскиот бренд "Fritz Cola", додека Германците често пијат и "Spezi" - микс од кола и фанта.

7. Се се рециклира

Во Германија со години зачестена пракса е отпадот, па така се рециклира речиси се, а ѓубрето се сортира по категории-хартија, стакло, итн. Германците се познати по својата беспрекорна дисциплина