01 Мај, 2024
0.0254

СЕКОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ: Бесплатен одмор на Нов Зеланд и шанса за работа

Објавено во: Стил 08 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Се што треба да направите за да добиете работа, но и бесплатен одмор на Нов Зеланд, е да се согласите на интервју за работа во престолнината на оваа богата држава, Велингтон.

Преку посебната кампања наречена „Дојди и види го Велингтон“ државата повикува стотина луѓе да дојдат на интервју за исто толку работни места во ИТ секторот, при што им се платени сите трошоци.

Посетата подразбира четири дена однапред организирани разговори за работа, состаноци, а сите трошоци на патишта и сместување се платени-велат од компанијата  „Wellington Regional Economic Development Agency“ (WREDA) која ја спроведува оваа неверојатна програма.

Единствено за што кандидатот треба да издвои пари од својот џеб е храната, пијалоците и ноќните излегувања. За да конкурираат потенцијални кандидати за оваа работа потребно е да се пријават пред 20 март 2017 година на овој сајт.

Вработените од водечки ИТ компании ќе ги прегледаат пријавите на кандидатите и ќе ги изберат најдобрите. Патувањето стартува на 8 и ќе трае до 11 мај. Компаниите во тој период на најдобрите кандидати ќе им понудат работа, по состанокот во Велингтон.