Секој трети Бугарин од Австрија би се вратил дома ако заработува 1500 лева
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2016
Секој трети иселен Бугарин би се вратил назад во Бугарија ако заработува 1500 лева месечно.
Ова го покажува анкета, во која учествуваа 169 Бугари кои учеле во Австрија. Бугарите кои се школуваат или имаат завршено високо образование во Австрија, имаат тенденција да се вратат во Бугарија, ако примаат 1500 лева плата.
Анкетата е направена од Канцеларијата за работничките и социјалните прашања на Министерството за труд и социјална политика при амбасадата на Бугарија во Виена, во соработка со локалната организација на бугарските студенти.
Податоците покажуваат дека секој трет бугарски студент би се вратил во Бугарија, ако прима плата меѓу 1501 и 2000 лева. Околу 22% дале ваков одговор, а 19% сакаат над 3000 лева плата. Тоа значи дека под 10% од Бугарите, кои студираат во Австрија, не размислуваат за враќање во Бугарија.
Во исто време помалку од 28% од испитаниците работат во Австрија, а 30% се без работа.
Околу 72% од испитаниците заминале да студираат во Австрија, откако завршиле средно образование во Бугарија.